Прекинот во извозот на нафта Либија досега ја чини 1,3 милијарда долари

Либиската државна нафтена компанија (НОК) соопшти дека прекинот на извозот на нафта во оваа земја заради затворањето на нафтените полиња и пристаништа досега предизвика загуби поголеми од 1,3 милијарди долари, јави Ксинхуа.

Племенските поглавари од источна Либија неодамна ги затворија пристаништата за извоз на нафта, обвинувајќи ја владата што е поддржана од Обединетите нации дека приходите ги користи за подршка на вооружените групи против војската од истокот, на генералот Калифа Хафтар.

Војската на Хафтар уште од април минатата година тргна во офанзива за заземање на Триполи од владата на Националното единство на Фајез ал-Сараџ, која  е поддржана од ОН, пренесе Фена

НОК во понеделникот најави прекин на работата на локалната рафинерија во западна Либија заради затворање на јужното нафтено поле Шарара.