Прекоманди во ДУИ: Реџепи на местото на Груби, Груби на местото на Лика

Атила Реџепи е назначен за нов генерален секретар на Демократската унија за интеграција (ДУИ). Именувањето дојде на вечерашната седница на Советот на партијата и Централното Собрание на политичкиот субјект со седиште во Мала Речица и коалициски партнер на Владата на Република Македонија.

Артан Груби, пак, во иднина ќе дејствува од позицијата организационен секретар на ДУИ, функција што досега му беше доверена на Хазби Лика. Неговото отсуство дополнително ги подгреа гласините за нарушени односи меѓу министерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор и врвот на партијата.