Прекрасна снимка од рис на Националниот парк „Маврово“, но и видео од волк

Националниот парк „Маврово“ објави фотографија од рис направена со помош на т.н. „фотозамки“.

Како што објавија од НП „Маврово“ на својата Фејсбук страница, фотографијата е направена во рамките на проектот на закрепнување на балканскиот рис, што се реализира во соработка со Македонското еколошко друштво.

Балканскиот рис е во категоријата на критично загрозен според еден од критериумите на меѓународната унија за зачувување на природата и како таков е ставен од 2015 година на црвената листа. Со најновите процени, популацијата на рисот во целиот негов потенцијален регион на jугозападен Балкан изнесува околу 40 возрасни единки.

Меѓу фотографиите од убавините во националниот парк „Маврово“ на кои се гледаат преубави животни, вчера беше објавена и снимка од волк. И снимката е направена со фотозамките во рамките на проектот за заштита на рисот.