Преку апликацијата WhatsApp биле следени функционери на 20 земји

Софтвер развиен од израелската компанија „NSO Group“, бил користен за следење на високи функционери на повеќе од дваесет земји, пренесува во четвртокот агенцијата Reuters.

Американската технолошка компанија „Facebook“ на 29-ти октомври во сојузната држава Калифорнија поднела тужба против израелската „NSP Group“, обвинувајќи ја дека го користела нејзиниот продук WhatsApp за неовластено следење на комуникацијата на некои лица. Во тужбата се тврди дека „NSO Group“ во периодот од април до мај годинава „ги користела серверите на WhatsApp во САД и во други земји за да дистрибуира малициозен софтвер на 1.400 мобилни телефони и други уреди“.

Овој софтвер, како што истакнуваат тужителите, бил посебно наменет за да се добие пристап до корисничките пораки и информации за повиците и локациите на корисниците. Според тужбата, вработените на „NSO Group“ самите го користеле наведениот софтвер, но исто така го обезбедувале и на нивните клиенти.

Според изворите на агенцијата Reuters, со помош на софтверот израелската компанија добила неовластен пристап, вклучително и информации зачувани на своите мобилни уреди од страна на функционери и воени лица. Како што се констратира во материјалот, посебно станува збор за претставници на земји кои се сметаат за сојузници на САД. Листата на овие држави не е дадена. Агенцијата, исто така, не прецизира кој точно бил клиентот на овие кибернетички напади. Агенцијата не поседува податоците за тоа дали „NSO Group“ шпионирала функционери или офицери во овие земји.

Според сознанијата на Reuters, меѓу сопствениците на уредите врз кои биле изведени нападите, биле државјани на САД, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Мексико, Пакистан и Индија.

Кон средината на септември годинава, поранешниот аналитичар на американската Агенција за национална безбедност (NSА), Едвард Сноуден, ги предупреди високите владини претставници во светот да не ја користат мобилната апликација за комуникации WhatsAp, поради ниското ниво на криптирање на пораките. Сноуден во интервјуто за француската радиостаница France Inter тогаш појасни дека компанијата Facebook „слој по слој ги отстранува различните нивоа на заштита откако во 2014-та стана сопственик на апликацијата“. Според него, тоа ѝ овозможува на компанијата, доколку е потребно, да ја дознае содржината на разговорите и преписката на корисниците.

Претходно во март годинава весникот The New York Times пишуваше дека „NSO Group“, основана во 2008 година од израелските државјани Шалев Хулио и Омри Лев, пружала услуги на десетици земји и заработила стотици милиони долари. Нејзини киленти, наводно, биле мексиканските власти кои со помош на програмите на израелската компанија ја следеле комуникацијата на нарко-бароните.

Истовремено, според податоците на весникот, услугите на „NSO Group“ ги користел и поранешниот советник на саудискиот престолонаследник, Саид ал-Кахтани, кој е осомничен за убиството на новинарот Џамал Хашоги, за следење на дисиденти и други лица. Во написот се констатираше дека „NSO Group“, особено по нарачка на ал-Кахтани спровела надзор на интернет на бранителите на човековите права и новинарите кои се критични кон Саудиска Арабија. Тие лица, според написот, биле лоцирани во Турција, Катар, Франција и Велика Британија.