Преку едукација на вработените, компаниите ќе ја зголемат конкурентноста

Едукацијата на вработените, менаџерите но и првите луѓе на компанијата е од огромно значење за развојот на компанијата.Единствена промена во компанијата динамичното опкружување за одржливоста на бизнисот е едукацијата на кадрите.Во времето на криза од голема важност за компаниите е како освен преку кредити, да се дојде до свежи пари, како да се имплементираат одредени стандарди за извоз на македонските производи, како да се зголеми прдодажбата преку мистери шоп преку која се утврдува методите за ниво и квалитет на услуги и перформанси на вработените.

„ За остварување на продажните цели потребно е квалитетен тим, односно тим кој ќе ги разбира целите и визијата на компанијата. Од голема важност е компаниите да умеат да ги наметнат целите и визиите на вработените. Во производствените компании пак, потребно е да се зголеми личната продуктивност на луѓето во производството,“ изјави Игор Меновски од Трипле С, кои во рамките на вториот Тренинг Експо кој ќе се одржи на 27 и 28 јануари преку предавања на познати екепрти ќе се обидат да одговорат на прашањата за како до свежи пари, стратегии за извоз на конкретни пазари, постигнување подобра продажба, моќта на продажното место, подобро запознавање на психологијата на потрошувачите, како да се има попродуктивни вработени како и да се подобри меѓусебната комуникација.А, токму „Веруваме единствено во развој“ е мотото на второто издание на Тренинг експо- Отворени денови на деловна едукација во Македонија.

Менаџерите на компаниите се повеќе стануваат свесни за едукацијата на своите вработени и тие веќе ја имаат онаа филозофија на континуирано учење и надоградба.Случувањата на пазарот се динамични и затоа е потребно подобрување на вештината на вработените за да се победи во борбата против конкуренцијата. Вештините, знаењето на вработените, иновативноста се додадена вредност, бидејќи производството и продажбата се веќе востановени.

„Најважно е да се идентификува потребата на компанијата, и притоа да има адекватна апликација на едукацијата. Добро е ако можеме да научиме од туѓите грешки, бидејќи ако се учи од сопствените, тогаш цената е висока,“ изјави Меновски.

За време на кризата компаниите најпрво го скратија буџетот за едукација на вработените и маркетингот, но отпосле ја согледаат таа грешка и повторно вложуваат во едукација.Но повторно тоа го прават странските компании во Македонија, а помалку нашите.

„ Грешка е ако трошоците се кратат, најважно е да се управува со трошоците. Со кратењето, се крати на квалитетот. Комапниите се повеќе бараат едукација на кадар како на среден менаџмент така и до највисоко ниво. И вработените и првите луѓе мора да ги знаат движењата во бизнисот,“ изјави Мелита Секуловска, регионалниот координатор на Економски факултет од Љубљана во Скопје.

Она што исто така е важно и ПР-от во самата компанија, какви се односите меѓу вработените.

„Она што до сега го работевме е ПР-от на компаниите во однос на пошироката јавност, како таа ги гледа, перципира, доживува. Но, од голема важност е односот во самата компанија, какви се односите меѓу вработените, нивните релации дали секој од нив ја знае мисијата на компанијата. Интернационалните компании овие релации и односи меѓу вработените ги имаат имплементирано спонтано, како по книга, но кај нас е потребна обука за тоа да се наметне како потреба,“ изјави Наташа Дукоска од ПР агенцијата „Навигаторс“.

На настанот во Александар Палас ќе бидат сублимирани и презентирани видовите обуки по тема, концепт, суштина кои се по мерка на македонските компании и менаџери.