Преку глава му дојде, Дејвид Бекам и забрани некои работи на Викорија!

Не е лесно да се издржи долгорочен брак, особено кога сопружниците постојано се затрупани од бројни деловни обврски и се грижат за децата. Ова исто така важи и за познати парови како што се 45-годишниот Дејвид Бекам и неговата една година постара сопруга, поранешната „Спајсица“ и модна дизајнерка Викторија Бекам, кои се во брак 21 година. Од таа причина, Дејвид, за да има време за себе и за својата врска, решил да направи остар потег – ѝ забранил на Викторија да го користи мобилниот телефон навечер и да ги разгледува социјалните мрежи затоа што сака да го помине тоа време само со неа, непречено.