Преку „Мој термин“ за вакцинација се пријавени над 5.900 граѓани над 77 години

Министерството за здравство ја информира јавноста дека од утрово Институтот за трансфузиона медицина во Скопје, започна со дистрибуција на вакцината „Астра Зенека“ до здравствените установи низ државата, каде почнувајќи од утре, ќе се одвива вакцинација на лица над 77 годишна возраст.

Националниот систем „Мој Термин“ од синоќа од 19 часот ги отвори термините преку кои матичните лекари закажуваат вакцинација на граѓани кои се опфатени во првата фаза и спаѓаат во групата 1Б, од Националната стратегија за ковид имунизација.

„Вакцинацијата ќе се одвива на постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи во градовите низ државата. Вакцинацијата е прецизно организиран процес, испораката на вакцини ќе оди сукцесивно. До крајот на оваа и за следната недела, на територија на цела држава пуштени се 9577 термини, а досега закажани се 5976 термини за вакцинација на граѓани над 77 годишна возраст. Од утре ќе стартува вакцинацијата во Скопје, односно во Поликлиниките „Јане Сандански“, „Чаир“ и „Букурешт“, во Здравствените домови во Прилеп, Охрид, Гостивар, Штип, Куманово, Велес, Битола, Струмица и во болницата во Кавадарци. Од петок ќе започне вакцинацијата во Тетово, Струга, Неготино, Крива Паланка, Вевчани, Валандово, Ростуше, Гостивар, Гевгелија, Делчево, Свети Николе, Ресен, Демир Хисар, Крушево, Македонска Каменица, Кратово, Кичево, Кочани, Радовиш, Виница, Пробиштип, Дебар, Пехчево и Македонски Брод“, велат од МЗ.

Вакциналните пунктови низ државата ќе работат во две смени, ќе бидат отворени од 8 до 20 часот, од понеделник до петок. Матичниот лекар не секој граѓанин кога му закажува тремин за вакцинација должен е да му каже во колку часот треба да се вакцинира и на кој пункт во здравствената установа каде се спорведува вакцинација против Ковид 19.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.