Преку паушал до легализирање на криминалот: Шилегов со над два милиони евра за чистење снег на 15 Целзиусови степени

Поточно 64.900.000,00 (со ддв) денари е договорот кој Петре Шилегов на 18.09.2019 го склучил со фирмата Аполо Инженеринг за изнајмување на возила за чистење на снег на градските улици во Скопје во периодот од 15-ти ноември до 15-ти март за зимата 2019/2020 и за зимата 2020/2021. Ист ваков штетен и криминален договор Петре Шилегов склучува и есенва, 18.09.2021 на само еден месец пред избори за оваа зима и наредната, нормално со истата фирма.

И тоа во оваа сума се вклучени само 40 часа работа на механизацијата на месечно ниво, се над тоа се плаќа дополнително и оваа сума ќе расте вртоглаво. Но се поставува прашањето за кој снег станува збор и кое расчистување на снег на 10 до 15 Целзиусови степена дневна температура последниве зими кои ги имаме?

„Mислам ќе треба кај други луѓе да се упатите зошто 35-40 години не го решавале проблемот со ‘Улици и патишта’, особено што во моментот на моето доаѓање таа фирма беше задолжена 3,5 милиони евра. Ние работиме за системски решенија за нашиот град вклучително и јавните претрпијатија и успеавме во овој мандат комунална хигиена да ја извадиме од долгови, кредитно да ја раздолжиме и да купиме 150 нови машини. Градот Скопје мора да има систем за одржување на снег, што систем е наследен, не е нешто што јас го имам креирано, тоа ќе треба да го прашате господинот Трајановски, не мене, а во планот е следниот мандат е направиме целосна обнова на возниот парк на ‘Улици и патишта’ за да не мора градот да зависи од надворешни соработници“, одговори Шилегов на новинарско прашање на оваа тема.

Следеше потпрашање со барање да биде објасенето, зошто не е раздолжена наводно старата опрема и не е решен проблемот цели четири години, а веќе се потрошени големи суми за надворешни работници.

„Но во исто време господине Шилегов, цело време зборувате за претходните да ги прашаме, четири години имавте мандат, зашто не го решивте? Три милиона веќе имате дадено на надворешни соработници, сте можеле да ја раздолжите? И уште едно потпрашање: Велите сте купиле 150 возила за комунална хигиена. Имате купено метларки од ‘Брако“ од 130.000 евра а на слободен пазар чинат 20.000 евра. Која е логиката?“, реплицираше новинарот Александар Митовски на таквиот одговор на скопскиот градоначалник на заминување.

Меѓутоа, Шилегов е упорен во одбраната на своите решенија, повторно манипулирајќи со некои недокажани теми иако до денес не одговори на конкретната тема за која уште на почетокот од годината пишуваше порталот Лидер.

„Не ви се точни податоците за сумите, сите цени кои градот ги добива и комуналните претрпијатија за набавка на било каква опрема се во рамки на постапки кои се спроведуваат согласно законот за јавни набавки. Се сложувам со вас дека е трагично како 27 години пред моето доаѓање како беше воден нашиот град. Стратешките цели и за развој на градот и за јавните претпријатија и за подобрување на комуналните услуги кои како град ги даваме беа запоставени. Парите се трошеа во центарот на градот на галии, на шмизли на камен и на стиропор, наместо на опрема на јавните претпријатија. Тоа нешто ние го сменивме и добро е што Скопје веќе не е град за потсмев туку град кој сериозно стратешки се развива, сериозно граби да ги долови стандардите кои 27 години за време на владеењето на ДПМНЕ во Скопје беа запоставени. Улици и патишта е едно од тие претпријатија во кое работат 230 луѓе и за жал освен за плата, за развојна компонента не било воопшто размислувано. Ние успеавме да купиме и нова опрема во изминативе четир години, меѓутоа заради незнаењето, заради некомпентацијата и некој што мисли дека може брзо и лесно да се решаваат проблемите – така се работоле последните 27 години, сега стратешки ги решаваме проблемите. Фирмата е консолидирана стратешки е добро поставена и очекувам дека ќе можеме да влеземе во купувње на возен парк за чистење снег и кој ке може да служи и за други дејности“, се обиде да се оправда Шилегов.

Но, за појаснување, за периодот од 15-ти боември до 15-ти март двете зими 2019 и 2020 фирмата добитник на тендерот за чистење снег има реални трошоци од речи  НУЛА денари. Како што бевме сите сведоци, тие две зими скопјани и речиси да не видоа. Односно, чист власта стави милион евра во сопствениот џеб а изваден од џебот на граѓаните.

И на ова можеби ќе добиеме одговор „што доколку зимава имаме обилни врнежи од снег”.

И да има врнежи од снег дали камионите кои ќе поминат со плуг и ќе фрлат сол која исто така ја набавува Петре Шилегов во друга постапка (околу 300.000 евра) вредат над милион евра? Се разбира дека не! Овде се работи за цунами по буџетот на Град Скопје, за неодговорно и криминогено однесување.

Ова ќе го објасниме во неколку точки:

1: Носител на зимската служба во градот Скопје е ЈП „Улици и патишта“, претпријатие основано од Град Скопје. Ова претпријатие има многу стара механизација, особено камиони кои се потребни за расчистување на снегот. Преку 40 години е старост на најголем дел од камионите кои иако Петре Шилегов лаже по телевизии дека веќе не се во функција. Вистината е дека се во секојдневна употреба.

2: Механизацијата која ја користи Аполо Инженеринг (фирмата добитник на тендерот за расчистување на снег во зимски услови) е исто така стара, најголем дел од возилата се со старост над 15 години, најголем дел донесени од Англија, со цена не поголема од 30.000 евра за едно возило. Во превод, со парите кои ќе ги добие од овој договор Аполо инженеринг може да си купи уште 30 возила за расчистување снег.

3: Доколку Петре Шилегов се грижи за буџетот на граѓаните со кој располага и за кој има законска одговорност и доколку се грижи за градските скопски јавни претпријатија, овие средства од приближно 130.000.000 денари ќе ги наменеше за градските служби, со овие средства ЈП Улици и патишта можеа да купат 20 целосно нови современи камиони со 4 осовини кои во зима ќе им се ставеше додаток за растурање на сол и плуг а летно време ќе беа огромно огромно огромно засилување за оперативните градежни работи. И со ова градот Скопје ќе имаше нова, современа и стабилна механизација за расчистување на снег и при тоа ќе беше во негова сопственост и дури ќе можеше да помага на општините. Но, за жал, ништо од ова не се случува.

Следува логичното прашање: зошто Петре Шилегов повеќе се грижи за благосостојбата на една приватна фирма и длабокиот џеб на нејзиниот сопственик отколку за подобрување на состојбата и стабилизирање на градските претпријатија, во случајов јавното претпријатие Улици и патишта чиј основач е Градот Скопје на чие чело стои токму Шилегов?

Зашто градоначалникот на Град Скопје не се грижи за подобрување на состојбата и квалитетот на улугите кои ги испорачуваат јавните градски претпријатија чиј основач е Градот Скопје ?

Зошто над 2.000.000 евра, пари на граѓаните, завршуваат во нечии џебови а не се јакнат капацитетите на градската зимска служба ? Доколку овие 130.000.000 денари се насочеа кон градската зимска служба и се купеа 20 нови камиони и истото се направеше за една до 2 години граѓаните на Скопје ќе добие современа и стабилна зимска служба во наредните 30 години а град Скопје ќе заштедеше преку 15 милиона евра.

Дали овие договори на Петре Шилегов имаат некаква друга заднина нека проценат најдобро граѓаните.