Премер лигата однапред на клубовите ќе им исплати дел од парите

16

Поради финансиските проблеми предизвикани од пандемијата на коронавирусот, англиската Премиер лига на на клубовите однапред ќе им исплати дел од парите, кои инаку се исплаќаат на крајот од сезоната врз основа на конечниот редослед во првенството и бројот на натпреварите кои биле директно пренесувани на телевизиите.

Со ова, клубовите кои се во долниот дел на првенствената табела ќе добијат неколку милиони фунти, додека екипите од врвот на табелата ќе добијат повеќе од 20 милиони фунти, објави дневниот весник Times.

Фудбалските натпреварувањеа во Англија во моментов се суспендирани и прашање е кога сезоната ќе биде продолжена. Девет кола пред крајот на првенството водечкиот Ливерпул има 25 бодови предност во однос на второпласираниот Манчестер Сити и му недостигаат уште само шест бодови за и тероретски да ја освои долгоочекуваната титула, по 30 години.

Пандемијата на коронавирусот би можело да ја чини Премиер лигата милијарда и 130 милиони фунти, објавија британските медиуми, а претседателот на англиската фудбалска асоцијација FA, Грег Кларк, предупреди дека многу англиски градови би можеле да ги загубат фудбалските глубови, бидејќи се соочени со тешката финансиска ситуација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.