Премиер лига: Висока победа на Тотенхем, Сити сигурен на гости

Манчестер Сити во саботата во дуелот од седмото коло од англиското фудбалско првенство на гости со 3:0 го победи Вулверхемптон и привремено го зазема врвот на табелата,.

Сити поведе веќе во првата минута од мечот, и тоа преку Џек Грилиш по асистенцијата на Кевин де Брујне. Водството во 15 минута го удвои Ерлинд Халанд. Вулверхемптон во 33 минута остана со играч помалку по исклучувањето на Нејтан Колинс, па гостите имаа лесна задача рутински да одработат до крајот на мечот, а конечните 3:0 во 69 минута ги постави Фил Фоден.

Манчестер Сити со трите бода од овој меч дојде до 17 и моментално го презема водството на табелата, но Арсенал кој има два бода помалку во недела го игра својот дуел на гости кај Брентфорд, па може да дојде до промена. Вулверхемптон остана 16-ти со шест бодови.

Во Лондон „фенерџијата“ на табелата Лестер Сити поведе против Тотенхем, кога во 6 минута пенал реализираше Јури Тиелманс. Но само две минути подоцна за домашните израмни капитенот Хари Кејна, а Ерик Дајер во 21 минута направи резултатски пресврт. Сепак, на полувремето ниедна екипа немаше предност, затоа што во 41 минута за Лестер израмни Џејмс Медисон.

Две минути по почетокот на вториот дел, во 47 минута, за домашните третиот погодок го постигна Реодриго Бетанкур. Дуелот го реши Јужнокореецот Сон Геунг-мин, кој во игра влезе во 59 минута, а потоа за само тринаесет минути, во 73, 84 и 86-та, впиша хет-трик и ги постави конечните 6:2.

Тотенхем е израмнет со Манчестер Сити на врвот со 17 бодови, а Лестер Сити е закован на дното со само еден бод.

Претходно во саботата Њукасл и Борнмут одиграа без победник 1:1. Гостите поведоа во 62 минута преку Филип Билинг, а пет минути подоцна од пенал израмни за домашните Александер Исак.

Њукасл моментално е 10-ти со осум бодови, колку што има и Борнмут два места подолу на табелата.