Премиер лигата ќе продолжи на 12 јуни

Фудбалскиот шампионат во Англија прекинат во март поради пандемијата на коронавирус, може да продолжи на 12 јуни.

Британскиот премиер Борис Џонсон, денес во парламентот ќе презентира патоказ за излегување на земјата од карантин.

Се очекува да се донесе одлука за продолжување на спортот, вклучително и фудбалот, следниот месец, доколку дозволи епидемиолошката состојба, пренесува „телеграф“.

Рестартот на Премиер лигата е закажан за 12 јуни. Екипите ќе започнат со тренинзи од 18 мај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.