Премиер лигата почнува на 17 јуни

Англиската Премиер лига се враќа и тоа во среда на 17. јуни кога ќе се одиграат два одложени меча од 28. коло.

Во Премиер треба да се доиграат уште 92 натпревари.

БиБиСи пренесе дека клубовите се договориле со челниците на лигата, првенството да заврши на 25 јули. Сезоната ќе опфати 6 викенда и 3 меѓунеделни кола.

Пред пандемијата со коронавирус, англиската Премиер лига имаше стандардни термини и секој викенд гледачите уживаа во преносите од 13:30 до 20:30 но најпознатиот ударен термин на англиски фудбал од 16:00 часот (15:00 по локално време во Велика Британија), но овојпат нема да се играат во исто време.

Како што пишуваат медиумите на Островот, термините ќе бидат следниве:

Според наше време тоа значи:

петок – 21.00
сабота – 13.30, 16.00, 17.30, 21.00
недела – 13.00, 15.00, 17.30, 20.00
понеделник – 21.00

Ќе се игра и во текот на неделата и натпреварите ќе бидат на програма во вторник, среда и четврток од 19 и 21 часот.

Последен пат англиски фудбал во јуни се играл во 1947-ма година. На 14 јуни Шефилд го пречекал Стоук Сити (2:1).

На средбата меѓу претставниците на клубовите и Премиер лигата се разговарало цели 8 часа за да се разгледаат сите прашања.

https://twitter.com/GaryLineker/status/1266011218285940736?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1266011218285940736%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Foff.net.mk%2Foffside%2Ffudbal%2Fpadna-kompromis-premier-liga-se-vrakja-na-17-ti-juni

The Athletic сподели инсајдер: клубовите барале до рестартот на Премиер лига тимовите да тренираат во групи цели 4 недели – до 26 јуни, а Премиер лигата наложила 2 недели групни тренинзи. Сите се договориле најгледаната лига на светот да се рестартира на 17-ти јуни.

The Telegraph пак има друга верзија: за уште четири недели тренинзи гласале некои клубови, а останатите биле против затоа што за секоја дополнителна недела пауза, губеле пари.

Во Премиер лигата се спроведени 2.752 теста и имаше 12 позитивни случаи на коронавирусот. Играчите и персоналот ќе бидат тестирани 2 пати неделно до почеток на Премиер лигата. Секој заразен ќе мора да седи во самоизолзција 7 дена.

Сите натпревари ќе бидат пренесувани директно а правата се разделени меѓу Sky Sports, BT Sport, Amazon Prime кои владеат со правата за пренос на Премиер луига, и бесплатни на BBC Sport.

Sky соопшти дека 25 меча ќе пренесува бесплатно, без да мора секој гледач да плати. BBC ќе пренесува 4 натпревари.

„Многу е важно мечевите да ги гледаат што е можно повеќе луѓе“, вели раководител на Премиер лигата Ричард Мастерс.