Премиер лигата со најмногу кандидати за Тимот на годината на ФИФА

За прв пат по 10 години, англиската Премиер лига има најголем број на кандидати за идеалниот тим на ФИФА за годината. 21 од 55 претставници се натпреваруваат во најсилното првенство во светот, со тоа што Ливерпул и Манчестер Сити може да се пофалат со по 7 играчи на списокот.

Шпанската Ла Лига има 20 фудбалери, од кои 9 ги бранат боите на Барселона, додека Реал Мадрид учествуваат со 8.

Повеќе од 23.000 професионални спортисти од целиот свет гласаа за идеалниот тим, на базана нивното претставување помеѓу јули 2018 и јули 2019 година.

Во 11-те најдобри ќе има четворица дефанзивци, тројца играчи од средниот ред и тројца напаѓачи. Резултатите ќе бидат јасни на 23 септември во Милано, кога ќе бидат доделени наградите на ФИФА.

Еве кои се кандидатите:

Голмани: Алисон Бекер (Ливерпул), Давид де Хеа (Манчестер Јунајтед), Едерсон Мораеш (Манчестер Сити), Јан Облак (Атлетико Мадрид), Марк-Андре тер Штеген (Барселона).

Дефанзивци: Жорди Алба (Барселона), Трент Александар-Арнолд (Ливерпул), Даниел Алвеш (Париз Сен Жермен / Сао Паоло), Жоао Кансело (Јувентус / Манчестер Сити), Даниел Карвахал (Реал Мадрид), Џорџо Киелини (Јувентус) Вирџил ван Дајк (Ливерпул), Диего Годин (Атлетико Мадрид / Интер), Џошуа Кимих (Баерн Минхен), Калиду Кулибали (Наполи), Ајмерик Лапорт (Манчестер Сити), Матаис де Лихт (Ајакс / Јувентус), Жерард Пике (Барселона), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Ендру Робертсон (Ливерпул), Алекс Сандро (Јувентус), Тијаго Силва (ПСЖ), Рафаел Варан (Реал Мадрид), Марсело (Реал Мадрид), Кајл Вокер (Манчестер Сити)

Среден ред: Серхио Бускетс (Барселона), Касемиро (Реал Мадрид), Кевин де Бруин (Манчестер Сити), Кристијан Ериксен (Тотенхем), Френки де Јонг (Ајакс / Барселона), Еден Азар (Челзи / Реал Мадрид), Н’голо Канте (Челзи), Тони Крос (Реал Мадрид), Артур Мело (Барселона), Лука Модриќ (Реал Мадрид), Пол Погба (Манчестер Јунајтед), Иван Ракитиќ (Барселона), Бернардо Силва (Манчестер Сити), Душан Тадиќ (Ајакс) Артуро Видал (Барселона).

Напаѓачи: Серхио Агуеро (Манчестер Сити), Карим Бензема (Реал Мадрид), Роберто Фирмино (Ливерпул), Антоан Гризман (Атлетико Мадрид / Барселона), Хари Кејн (Тотенхем), Роберт Левандовски (Баерн Минхен), Садио Мане (Ливерпул), Килијан Мбапе (ПСЖ), Лионел Меси (Барселона), Нејмар (ПСЖ), Кристијано Роналдо (Јувентус), Мохамед Салах (Ливерпул), Сон Хон-Мин (Тотенхем), Рахим Стерлинг (Манчестер Сити), Луис Суарез (Барселона).