Премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд на крајот од септември

По бројните шпекулации за премиерата и менувањето на датумите, конечно е објавен новиот датум за првото емитување на новиот филм со агентот 007.

Светската премиера на филмот „No time to die“ ќе биде одржана на 28-ми септември.

Филмот во кој Даниел Крејг ја игра улогата на тајниот агент Џејмс Бонд требаше да ја има премиерата на 2-ри април.