Премиерите на Данска и Шпанија денеска ќе се сретнат со Зеленски во Киев

19

Премиерите на Данска и Шпанија денеска во Киев ќе се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Шпанскиот премиер Педро Санчез веќе пристигна во главниот град на Украина за да се сретне со лидерот на земјата, соопшти утринава неговиот кабинет.

Санчез на Твитер објави снимка на која е заедно со премиерката Мете Фредериксен по пристигнувањето во Украина.

Страните ќе разговараат за натамошна поддршка за Украинците и гонење на „воени злосторства и кршење на човековите права“, се вели во соопштението на данската премиерка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.