Премиерот Груевски и министрите на хуманитарниот концерт за Србија и БиХ

Премиерот Никола Груевски и голем дел од владините министри се дел од хуманитарниот концерт за помош на настраданите во поплавите во регионот кој во моментов се одржува во спортската сала „Борис Трајковски“.

gr1

Владимир Пешевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Иво ивановски, Спиро Ристовски, Коце Трајановски, Никола Поповски се дел од оние ги примаат повици за донација за помош на Србија и БиХ.

За хуманитарниот концерт продадени се околу 11.000 билети.

Коцертот го организа македонската Влада, која минатата недела испрати и 200.000 евра за настраданите во поплавените региони во Србија и Босна и се откажа од ДДВ-то од донацијата преку телефонските јавувања.

 

pesevski

koce