Премиерот Груевски за Водици во Велес

Премиерот, Никола Груевски за големиот христијански празник празникот Богојавление – Водици и фрлањето на светиот крст, ќе биде меѓу верниците во Велес. Тој денеска упати и честитката за Водици до сите верници и до поглаварот на Македонската православна црква.

„Денес, кога во целиот православен свет, во сите наши градови и во сите места каде што живеат Македонците, се слави еден од основните столбови на христијанските празници, во мое лично име и во име на Владата на Република Македонија, Вам лично, на Вашето свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во Република Македонија и дијаспората, Ви упатувам честитки по повод големиот христијански празник, Богојавление – Водици“, се вели во честитката.