Премиерот и министрите кои беа во Куманово во добра здравствена состојба, чекаат да поминат седум дена и ги следат препораките на епидемиолозите

Премиерот Оливер Спасовски, вицепремирот Бујар Османи, министрите за здравство Венко Филипче и Арбер Адеми, кои се во самоизолација од минатата недела откако имаа контакт со градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски кој е позитивен на Ковид 19, се чувствуаат добро и немаат никакви симптоми.

Ова го истакна министерот Филипе во одговор на прашање на денешната прес-конференција оценувајќи дека сите биле во различен ризик и оти треба да направи тест премиерот во текот на оваа недела.

-Сите бевме во различен ризик. Сметам дека треба да направи тест премиерот во текот на оваа недела. Чекаме да поминат најмалку седум дена, а после ќе ги пратиме препораките на епидемиолозите и согласно нашата здравствена состојба. Засега сите се во добра здравствена состојба без апсолутно никакви симптоми или тегоби, изјави Филипче.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.