Премиерот Ковачевски во работна посета на Виена

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе престојува во работна посета на Виена, Австрија.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Ковачевски ќе оствари тет-а-тет средба со австрискиот канцелар, Карл Нехамер.

По завршувањето на средбата, премиерот Ковачевски и канцеларот Карл Нехамер ќе одржат заедничка прес-конференција.