Премиерот на Федерацијата на БиХ закажа итен состанок поради протестите

Премиерот на Федерацијата на БиХ, Нермин Никшиќ закажа за вечерва итен состанок во Сараево поради протестите на работниците и граѓаните во неколку градови во Федерацијата БиХ.

На состанокот беа повикани директорот на Разузнавачко-безбедносната агенција, директорот на Федералната управа на полицијата и главниот федерален обвинител но и премерите, министрите за внатрешни работи, полициски комесари  и главен обвинител.

Денеска во повеќе градови во Федерација се одржани протести на граѓаните. Во Сараево пред зградата на Владата на Кантонот Сараево протсетирале граѓани за да ги поддржат работниците кои два дена протестираа во Тузла.