Премиерот на Крим, Анатолиј Могилов повика на мирно решавање на ситуацијата околу заземањето на зградата на парламентот и владата на украинската автономија. Тој апелираше до граѓаните на Крим да го задржат мирот во регионот, а политичките сили да не одржуваат масовни настани или какви и да е акции, што може да доведат до жртви, пренесе „Интерфакс“.
„Најважната задача во моментов е да се остане смирен. Треба да спроведеме преговори. Најважно е да се работи во правната област на Украина и овие одлуки да се донесат во согласност со важечкото законодавство. Главната задача е заштита на луѓето. Сметам дека ова треба да се постигне преку мирни преговори“, рекол Могилов пред новинарите.