Премиерот пријавил поголем имот

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во најновиот анкетен лист пријавил поголем имот во споредба со претходно. Станува збор за стан, моторно возило и приход по основ на ликвидација на компанија, во сопственост на членови на семејството на Заев со кои живее во исто домаќинство, пишува неделникот „Фокус“.

Тој вели дека го пријавил имотот на членовите со кои живее во заедница, како што налага Законот, но додава дека не сака и не може да говори за имотот на поширокото семејство, кој, како што вели, во рамки на самото семејство е генерално проценет на 8 и пол милиони евра.

-Поширокото семејство Заеви брои многу членови. Иако јавноста не перципира како едно, сепак, ние функционираме одделно, со посебни буџети. Сепак, компаниите си помагаат кога има потреба, кога треба да се даде заем и слично. Бројката од 8,5 милиони евра е генерална проценка што се направила во рамки на семејството во смисла колку вредат сите компании на пошироката фамилија. Треба да се знае дека не станува збор за 8 милиони евра пари на банкарски сметки, туку за вредност на компаниите. Исто така, мора да се каже дека има на над 4 милиони евра кредити, изјави Заев за неделникот „Фокус“.

Додека премиерот и неговото семејство уште повеќе го зголемуваат богатството со кое располагаат, македонскиот народ тоне во сиромаштија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.