Премиерот Вучиќ денеска во Обреновац

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ денеска ќе го посети Обреновац, а министерот за одбрана Братислав Гашиќ кој владата го именуваше за координатор на активностите на отстранување на последиците од поплавите и пружање помош на граѓаните во Обреновац, најави дека на премиерот ќе му предложи укинување на вонредната ситуација во тој град.

Вучиќ, Гашиќ  и градоначалникит на Белград, Синиша Мали ќе присуствуваат на состанокот на кризниот штаб, кој ќе биде одржан во хотелот „Обреновац“.

По состанокот, Вучиќ ќе го посети центарот на Обреновац, работата на колекторот, полската болница и касарната која моментно е прифатен центар.

Вучиќ потоа ќе предаде две возила на Брза помош во Здравствениот дом во Обреновац како донација од Обединетите Арапски Емирати.

Моментно, Обреновац се чисти, се поправаат колекторите а во градот се чувствува непријатна миризба.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.