Пренџов бара да се докомплетира пописот: Не можам да одбијам или признаам нешто што не е дозавршено

Доколку овој попис не се комплетира до следната власт ќе имаме бранувања во јавноста сопописот. Колешката Калеска Ванчева спомна да не се гледаат политичките аспекти, затоа веднаш на самиот старт сакам да кажам дека оној дел којшто за мене е некредибилен, и  не сакам да ги коментирам бројките е делот на иселениците. Значи такво нешто не постои ниту во Еуростат, ниту во Обединети нации, во методологијата, истакна Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на Коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија на Телма телевизија.

„А, такво попишување се направи поради политика во државата, заради дневната политика. Никаде нема попишување на иселеници коишто живеат повеќе од една година надвор од Република Македонија. Така што самото тоа инфилтрирање во рамки на пописот му дава итоа како голема политика, и претпоставувам дека тој процес го водеше Артан Груби за да каже дека сработил нешто во Владата“, рече пратеникот

Пренџов додаде дека во поглед на бројките од пописот кој што е оној реалниот попис на населението и домаќинствата во Македонија не е комплетно завршен.

„Јас му давам шанса и на директорот и на сите надлежни да пописот се заврши. Бидејќи доколку вие имате мултикултурно и мултиетничко општество и доколку имате Устав од кој што пописот црпи права и обврски на граѓаните независно од која етничка заедница доаѓаат е недозволиво да повеќе од 132.000 сограѓани наши се непопишани“, рече Пренџов.

Посочи дека доколку не сакале да има политика во пописот, од многу други извори ќе се дознаеше повеќе за тие 132.000 лица и ќе беа попишани како сите останати граѓани.

„Според мене тоа е свесно пуштање на раздор во општеството од страна на коалиционите партнери на власт,но не знам од кои причини“,нагласи Пренџов.

„Не можам да признаам или одбијам нешто што не е комплентирано“, укажа Пренџов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.