Пренџов: Цената на електричната енергија ќе се намали со промена на власта

Пратеникот Љупчо Пренџов преку статус на Фејсбук пишува дека доколку се промени цената на електрична енергија ќе се намали.

⛔️ Од Нова година поскапување на цената на струјата.

До Нова година ќе има поскапување на цената на гасот и парното. Тоа значи дека во следните 5 месеци ќе имаме два дополнителни турнуси на зголемување на цените во малопродажба.

⛔️ Војната во Украина е само еден ПОМАЛ дел кој влијае на зголемувањето на цената. Поголемиот дел е арамилакот во РЕК Битола, тендерите во четири очи, ”копањето” јаглен на фирмите на власта по 27-28 часа на ден (иако денот е 24ч) дозволувањето да се краде струја во цели градови и села за да се добијат гласови итн.

‼️ Деновиве видовме дека краделе и при набавките поврзани со пандемијата (“ратни профитери”), си купиле повеќе од 150 нови возила во време на 4 прогласени кризни состојби и сега ни соопштуваат дека и покрај тоа што треба да штедиме (и да готвиме во мали тенџериња), цената на струјата пак ќе оди нагоре.

🗣 СО ПРОМЕНАТА НА ВЛАСТА ЦЕНАТА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА ЌЕ СЕ НАМАЛИ. НЕ ЗАТОА ШТО ИМАМЕ МАЃИЧНО СТАПЧЕ ТУКУ ЗАТОА ШТО НЕМА ДА СЕ КРАДЕ ВО РЕК БИТОЛА И НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ЦЕЛИ ГРАДОВИ И СЕЛА ДА НЕ ПЛАЌААТ СТРУЈА ВО ЗАМЕНА ЗА ГЛАСАЊЕ НА ЕДНА ИЛИ ДРУГА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА‼️

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.