Пренџов: Дали е вистина дека ММФ нема доверба во владата и не сака наеднаш да и даде 900 милиони евра?

Владата ги изигрува граѓаните. Тоа може да го потврдиме преку три работи. Првата работа се финансиите. Ако Ковачевски беше претставник на владата кој го бранеше буџетот има јавни изјави каде вика дека нема ниту едно евро непродуктивни трошоци, дека се свесни за 4 кризи, а после 5 месеци прават ребаланс и велат дека се откажуваат од 100 милиони евра непродуктивни трошоци. Јавноста и медиумите треба да го прашаат кога лажел, во декември или денес. За вакви лаги во Европа каде што се стремиме, премиерите си даваат оставка, изјави за „Само вистина“ на Канал 5 пратеникот Љупчо Пренџов од ГРОМ и коалицијата „За обнова на Македонија“.

Тој како втора работа прашува дали е вистина дека еврообврзницата од 900 милиони евра се уште ја немаме земено затоа што ММФ сака да постави услови кои на владата не и одговараат?

– Дали е вистина дека ММФ нема доверба во владата и не сака наеднаш да ги даде тие пари и дали е вистина дека буџетот кој поминал на седница на влада немаат еден денар тргнато од партиски вработуваа, договори на дело и трансфери? – праша Пренџов.

Како трета работа во поглед на Собранието има две блокади, има активна блокада и пасивна и дека избори се единствен излез.

– Ако два дена се зборува за два дена за дневен ред и тој се изгласа, потоа пасивната блокада на власта трае 13 денови, во власта се свесни дека ако одат на избори во јули ќе помине подобро од септември или во декември, и генерално таа пасивна блокада е од страна на одредени пратеници. Кога има вакви две блокади, избори се единственото решение, нагласи Пренџов.

Истакна дека протестот кој ќе биде на 18 јуни, во Скопје ќе има гласачи кои и гласале на СДСМ и кои не им дадоа поддршка на локалните затоа што ситуацијата во Македонија е неподнослива, а уште понеподносливи се манипулациите и неспособноста на власта.

– Граѓаните не можат крај со крај да врзат, не можат сметки да платат, а владата се уште размислува како да го стопира ценовниот шок. Не е случајно зошто власта не може да се собере во Собрание, изјави Пренџов.