Пренџов: Димовски од АНБ не дојде на собраниска комисија, од денот на поднесување на документи за државјанство до денес Онишченко е на црна листа на САД

Фејсбук статус на Љупчо Пренџов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Собраниската комисија за надзор над работата на АНБ и АР:

„Денес се одржа седница на комисијата за надзор над работата на АНБ и АР. Директорот Димовски не присуствуваше поради предходно договорено патување во странство.

Седницата ќе продолжи во петок, (со присуство и на директорот на АНБ) со почеток во 12 часот. Јавноста ја интересираат одговорите и коментарите од страна на Димовски за следниве прашања:

1. Дали АНБ знаела дека А. Онишченко од денот кога ги поднел документите за македонско државјанство до денешен ден е на црната листа на САД.

2. Дали АНБ добила информација дека Онишченко е осомничен за криминал и перење пари во вредност од над 100М€ во својата матична држава Украина.

3. Истиот бил и пратеник во Украина но тамошното Собрание му го одзело мандатот.

4. До ден денешен е лице кое се бара и има распишано потерница по него од страна на Украина.

5. Господинот исто така има и руско државјанство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.