Пренџов: Доколку Заев направи влада, повторно ќе добиеме негативен одговор од ЕУ, а граѓаните ќе тапкаат во место уште долго време

На вечерашната „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, Потпретседателот на Граѓанска Опција за Македонија-ГРОМ, Љупчо Пренџов , истакна дека доколку Заев повторно направи влада, одговорот од ЕУ за Македонија повторно ќе биде негативен, а граѓаните ќе тапкаат во место уште долго време.

Тој коментираше за парламентарните избори во Македонија, дека на истите им предходела одлуката од страна на Европската унија за недоделување на датум за преговори, како и тоа дека тоа е суштината зошто ние имавме предвремени парламентарни избори.

-Ако една година покасно се појавиме во Брисел со двоецот Заев-Ахмети мое лично мислење е дека ќе го добиеме истиот или полош одговор од оној којшто го добивме минатата година и ми е многу жал што доколку успее да се направи оваа влада мислам дека граѓаните на Република Македонија уште долго ќе тапкаат во место, уште долго време нема да можеме да почувствуваме дел од европските вредности, вели Пренџов.

Пренџов вели исто така дека ГРОМ му дава целосна поддршка на Христијан Мицкоски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за преговори за нова влада во која нема да има уцени, во која ќе се вметнат програмските определби и пред се влада која ќе има европски вредности Новата влада треба да ги подобри сите оние лоши работи кои досега се случиле во државата, и со таква влада да се влезе во октомври месец во Брисел, зашто се што е спротивно на тоа е промашување на суштината зошто овие предвремени парламентарни избори се случија, потенцираше Пренџов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.