14.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Пренџов: Нов ден и две нови задолжувања- Дали има пилот во авионот?

Нов е ден, и две нови задолжувања. Наутро се задолжувате 50 милиони евра за реформи во земјоделството, на пладне се задолжувате 70 милиони евра за градски превоз во Скопје. Дали има пилот во авионот што се нарекува Влада? прашува Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на Коалицијата „За обнова на Македонија“.

-До кога секоја реформа ќе биде со задолжување? Кој ќе ги враќа овие пари? Странски инвестиции нема, има одлив, домашните инвеститори не веруваат во правниот и судскиот систем и не инвестираат во Македонија, рече Пренџов.

Пратеникот потенцираше и дека власта се плаши од локални избори.