Пренџов по интервјуто на Ковачевски: Евидентен беше фактот дека никогаш не бил на избори и не ја прошетал државата!

Додека македонската јавност го следеше фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија и Бугарија, премиерот на државата имаше интервју во кое се осврна на неколку теми, истакнува пратеникот Љупчо Пренџов.

Неговиот Фејсбук статус, каде прави анализа на интервјуто, го пренесуваме во продолжение:

  1. Најпрво нѐ информираше дека тој ја води најуспешната влада во историјата на Р.Македонија и дека колку што тој направил за државата и стандардот на граѓаните за само 4-5 месеци други влади пред него не направиле ниту за 4-5 години.(тука претпоставувам мислеше на предходната влада, онаа на Заев)
  2. Дека спречиле ценовни шокови во енергетиката, цените на горивата, цените на храната…на што бил особено горд (претпоставувам дека никој не го информирал скоро за цените на бензиските, во маркетите, на пазарите….)
  3. Ако во идинина имаме дополнителни покачувања тогаш ќе разгледаат опција за интервенција.
  4. Фатмир Бесими и Крешник Бектеши работеле на следење на цените, да не се секираме ќе ни излезат во пресрет кога ќе згусне.
  5. Опозицијата да не бара намалување на даноците и поефтинување на цените на храната и горивата затоа што тоа е неодговорно (пари мора да има за партиските вработувања на членовите на СДСМ и ДУИ, граѓаните ќе се стрпат затоа што тие се научени да трпат а црвената буржоазија не ѐ)
  6. Многу повеќе време потроши на говорење за состојбите во собранието каде што не е член за разлика од владата каде што е претседател.
  7. За датум за преговори се уште не се врзува, датум нема и нема да има.
  8. За нови инвестиции, фабрики и нови вработувања не кажа ниту збор. Тоа, едноставно за оваа влада е заборавена категорија.
  9. Сака да ја решава продуктивноста во јавната администрација која е ниска а не ја гледа продуктивноста на своите пратеници во собранието. Уште помалку ја гледа продуктивноста на Али Ахмети, Мендух Тачи, Гаши…кои се утепаа од работа заработувајќи си ја платата.
  10. За пцостите на Талат Џафери како претседател на СДСМ и Премиер нема став за во јавност ама во партијата ќе изграделе афирмативен став ( тоа е тој демократски центризам кој вели дека сите во партијата имате право да кажете што мислите , но на крајот јас ќе го кажам партискиот став а вие сте должни со истиот да се сложите)

Сума сумарум, сигурен сум дека сите вие кои гледавте фудбалски натпревар имавте попаметно искористено време од мене.

П.С единствената константа во сите интервјуа и јавни настапи на владините претставници е стравот и бегството од избори.

П.С 2 евидентен беше и фактот дека никогаш не бил на избори и не ја прошетал државата со изјавата дека сега почнале да се прават експресни патишта низ источна Македонија.

П.С 3 дегутантно ми е да коментирам тоа што од вчера ја започнаа шестата година на власт а сеуште предходните им се криви што автопатот Кичево – Охрид е заглавен каде што беше оставен.