Пренџов потврди дека ГРОМ продолжува со ВМРО-ДПМНЕ, порача дека на Македонија ѝ е потребна поспособна Влада

Пратеникот на ГРОМ од Собранието, Љупчо Пренџов во своето гостување во вторникот во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24 од страна на новинарот беше информиран дека некои политички аналитичари говореле дека не се знае со кого партијата ќе продолжи во ново функционирање на Владата и прашан дали се подготвува за Влада  одговори дека партијата ќе ја продолжи соработката со ВМРО-ДПМНЕ и порача дека новата Влада наскоро ќе биде формирана од сегашната опозиција.

„Не сум ги слушнал тие аналитичари коишто предвидувале за нас дека каде било ќе отидеме освен онаму каде што сме сега. Можам јасно и гласно да кажам дека ние продолжуваме со ВМРО-ДПМНЕ бидејќи целта за којашто сме во коалиција веќе повеќе од седум години е Република Македонија да биде просперитетна држава, граѓаните да имаат подобра економска благосостојба, да имаме држава со намален криминал и корупција, да бидеме држава којашто ќе има еспектиран правен систем и тие се основите со коишто со ВМРО-ДПМНЕ продолжуваме понатаму. Таму разговори не сум слушнал барем не вака јавно, може сум пропуштил бидејќи ја водевме кампањата од сабајле до вечер во општина Карпош, но еве на сите тие душегрижеци да им покажам дека Владата којашто ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ во скор период ние како партија ќе партиципираме активно во неа“, рече Пренџов.

Посочи дека не може да знае како ќе се постават премиерот Зоран Заев и владејачката СДСМ во следниот период, бидејќи актуелниот претседател на Владата според него не размислува рационално и, како што вели тој, „ кога човек е исплашен тогаш рациото му бега од неговите мисли“.

„Доколку размислува рационално и за себе и за интересот на својата политичка партија тој треба да распише парламентарни избори час побрзо и така ќе ја намали штетата која што евентуално би била предизвикана со избори во пролет. Така што, јас сум повеќе за идејата да имаме нови парламентарни избори каде што граѓаните ќе имаат јасна недвосмислена поддршка на актуелната опозиција бидејќи на Македонија и следат моменти кои што ќе бидат предизвикувачки. Повеќе нема да се фокусира на тривијални прашања или небитни прашања како што бепе последниот период, ние имаме сериозни економски поместувања во Европската унија. Тие никој не ги збори, премиерот не се бави со тоа кој ќе биде градоначалник на некоја општина, бидејќи реално тие луѓе се кандидираат да бидат градоначалници и имаат своја програма. Но кога вие имате драстично поскапување на енергијата во ЕУ, кога имате проблем со извозот и увозот, со платениот девизниот дефицит тогаш одговорен премиер се бави со тие работи. Република МАкедонија ќе се соочи со големи предизвици, и и треба Влада која што е пообразована, поспособна, Влада која што сака да работи, и Влада која што ќе донесе подобро утре за сите граѓани.