12.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Пренџов со поддршка за Мисајловски: За „европските вредности“ на нарачателите мора да има одговорност

Потпретседателот на ГРОМ, а воедно и кандидат за пратеник од коалицијата „Обнова на Македонија“, Љупчо Пренџов изрази поддршка до Владо Мисајловски и неговото семејство во чиишто дуќан во текот на ноќта беше фрлена експлозивна направа.

Пренџов како и Мисајловски се сомневаат дека позадината на овој грозомрен чин е исклуливо политичка, а преку делото се препознава за чии „европски вредности“ станува збор.

Изминатава ноќ фрлена е експлозивна направа врз продавницата во сопственост на родителите на Владо Мисајловски – Кендо, Потпретседател на ВМРО – ДПМНЕ.

Кога се кандидираше за Градоначалник на Општина Ѓорче Петров му ја запалија семејната куќа. Денес, кога се кандидира за пратеник, му фрлаат бомба во продавницата. На “европските вредности” на нарачателите и нивните “диви орди” им нема крај.

Познавајќи го Владо Мисајловски, знам дека со ова ниту ќе го заплашат ниту ќе го поколебаат да отстапи од својот пат. Само ќе го направат посилен и него, и неговото семејство. Правда во Македонија ќе има!

Криминалците, рекетарите и “дивите орди” по улиците ќе одговараат пред словото на законот.
Ќе одговараат и нарачателите – се разбира. Кендо, продолжи каде што застана вчера. Нервозни се. Знаат дека губат. Ова се потези на очајници. #ОбноватаДоаѓаПравдаЌеИма, напиша Пренџов во својата објава на Фејсбук.