Пренџов: Со вакво мнозинство со коешто се фали Владата, тешко да добиеме датум за преговори

„Мислам дека не е во ред кога на граѓаните им се кажува знаете што ние спасивме 11 милиони евра. А, не се кажува дека власта 700 милиони евра се задолжила, а се кажува дека спасила 11 милиони евра. Според мене тоа е многу погрешна работа. Ние лани имаме странски задолжувања милијарда и 60 милиони, домашни 591 милион, а имаме и дефицит од 875 милиони евра. А, тоа е само за фискална 2020-та година. Дополнително уште не дошол март што се вели, имаме нови 700 милиони евра и одиме со наратив дека сме спасиле 11 милиони евра“,истакна Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на Коалицијата „За обнова на Македонија“ во гостување во емисијата „24 Анализа“.

Пренџов додаде дека според него ова се темите кои што треба да се говорат во јавноста, а не да се разговара за гола политика.

“Каевски вели дека е легитимно денеска да има под 62 пратеника, и вели дека опозицијата немала секогаш 44 пратеници. Мислам дека треба да се разбереме, а тоа е дека власта ја има одговорноста. Премиерот Зоран Заев во секоја втора реченица вика јас ја имам честа и одговорноста да ја водам оваа држава. Господине Кавески под чест и одговорност се подразбира да имате потребно парламентарно мнозинство кое што и јас и Вие и господинот Стојаноски знаеме дека го немате“, нагласи Пренџов.

Пренџов посочи дека со вакво мнозинство со кое што се фали Владата тешко дека Македонија ќе добие датум за преговори за ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.