Пренџов: Tие се проевропски (власта), ама на Онишченко му даваат државјанство и пасош

„Најодговорно тврдам дека единствената европска опција во рамки на Собранието е опозицијата. Видете како се изместуваат работите, тие се проевропски ама под превезот на државна тајна купуваат гас од Лебедев за цена дупло поскапа од таа која што можат да ја купат од Макпетрол, а ние сме антиевропски. Тие се проевропски ама на секој руски капитал во оваа држава мора да се има замешано во парите на некој од чаушите на СДСМ, а ние сме антиевропски. Тие се проевропски, ама на Онишченко му даваат државјанство и пасош, а ние сме антиевропски“, истакна Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на Коалицијата „Обнова за Македонија“ во гостување во емисијата „24 Анализа“ говорејќи за власта колку е „проевропска“.

Пренџов додаде дека со политичката реторика на власта во Македонија се дојде до ситуација да има само 50-тина проценти излезеност.

„Дали со влезот на Алијанса на Албанците ќе се подобри животот, ќе се намали инфлацијата, ќе имаме поправна држава, ќе се зголеми доверба во обвинителство? И што од тоа за 10 месеци може да се случи“, запраша пратеникот.

Тој посочи дека клучното прашање за кое што се интересира македонското население е дали со влегување на Алијанса на Албанците во коалиција со власта нешто ќе се подобри во државата. Пренџов нагласи дека со комбинаротиките на СДСМ е само овозможување на власта да продолжи со пљачкање на граѓаните.

Пренџов потсети како СДСМ велеше дека ако влезат со ДУИ во Влада тоа е исто како со криминалци да чистат криминал.

„За уставни измени да се разбереме теоретски шанси нема на власта да и поминат во Собранието. И треба граѓаните да знаат што треба да очекуваат еве од оваа потенцијална нова Влада“, нагласи пратеникот.

„Левица коалиција со нас во Собранието нема, ама со СДСМ во Општина Ѓорче Петров, во Општина Аеродром, во Општина Кисела Вода, во Општина Велес, во Град Скопје имаат коалиција исто так“, појасни Пренџов.