Пренџов: Владата требаше да ги замрзне цените на производите на нивото во јули и август, сегашните се многукратно повисоки

Начинот на кој Владата ги замрзнува цените на производите не е како што треба. Одговорна влада прави поинаку. Сѐ е поскапено, има многу нешто важно што не го размисливте, во јули месото беше 240 сега е повеќе од 300 денари. Одговорна влада прво ги гледа цените во јули и август и вели ги замрзнувам оние кои биле во јули и август, а не овие сега цени, рече Љупчо Пренџов од ГРОМ на гостувањето на телевизија Телма во емисијата „Топ тема“ обракајќи се на министерот за економија Крешник Бектеши кој беше дел од дебатата.

Според Прнеџов, Владата се однесува според терјот „купи ден продај“ и додаде дека цените требаше да се бидат замрзнати пред да се зголемат толку.

„Кажав еднаш  – тешко на држава во која само минималната плата расте. Треба посериозен пристап кон кризата која не чука на врата туку ни е длабоко влезена во државава“, рече Пренџов.

Според него,однесувањето на власта е еднострано,

„Не може само за цени да зборуваме и тоа требаше многу порано и многу поинаку, но треба и подддршка за стопанството. Каде е поддршката за стопанството“, праша Пренџов.

Поскапувањета, кажа Пренџов, се високи, кај храната 5 отсто повиски цени, масло 24,9 проценти, месо 3 отсто, шеќер 5,5 проценти, течни горива 5,5 проценти.

„Значи, многу се повисоки поскапуваањта“, рече Пренџов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.