Пренџов: Власта едноставно шајка немаат заковано во државата, а јавниот долг е удвоен

Од осамостојувањето на Република Македонија, од независноста до први јуни 2017- година кога Зоран Заев и СДСМ ја презедоа власта, сите влади заедно направиле долг од 4,7 милијарди евра. Тука е периодот на транзицијата, стечајци, социјални случаеви, и се заедно долгот изнесува 4,7 милијарди евра. Но, за овие пет години ние имаме дуплирање на јавниот долг, двојно е зголемен јавниот долг“, истакна Љупчо Пренџов, пратеник од Коалицијата за „Обнова на Македонија“ во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Пренџов додаде дека притоа власта не изгради автопатишта кои што ќе ги враќа кредитите, немаат изградено нова брана која што ќе произведува електрична енергија и ќе ги враќа парите за кредити. Власта нема направено ништо во земјоделието, ниту систем капка по капка кој што во источна Македонија ќе има поголем принос на храна, па потоа тоа да се продава и ќе се зеде данок и така ќе се враќаат кредити.

„Едноставно шајка немаат заковано во државата, а долгот нас ни е дуплиран“, нагласи тој.

Пратеникот посочи поради власта државата доаѓа во ситуација да годишно во буџетот исплаќа повеќе од 220 милиони евра само за камати. Да не крадеше власта, ќе се изградеше автопатот Кичево – Охрид со тие 220 милиони евра.

„Јас затоа ги прашувам од власта секој втор ден каде се парите? Македонската јавност треба да знае дека од први јуни 2017-та година до пред два дена Владата има потрошено 20 милијарди и 360 милиони евра. А, доколку ги ставиме овие 5.3 милијарди евра, следната година ова време ако се се уште на власт ќе имаат потрошено 26 милијарди евра“, рече Пренџов.