Горивата се многу важни. На дизелот покрај постоечките давачки како акциза додадовте нови 14 денари и јас велам вака, цените до јули не ги враќате, цената на струјата ќе оди нагоре, дајте барем да ги вратиме акцизите од горивата зошто тоа е многу важно, рече Љупчо Пренџов од ГРОМ на гостувањето на телевизија Телма во емисијата Топ тема обракајќи се на министерот за економија Крешник Бектеши.
Пренџов му укажа на Бектеши дека оваа влада единствено што прави се неразумни мерки или троши 45 илјади евра за правење на италијанска пица. Во поглед на инвестиции, власта вели дека помага, но дали е така.
„Македонија има 274 милиони вра, Србија има 3,4 милијарди странски инвестиции, Албанија има 1,1 милијарда странски инвестиции, Босна и Херцеговина има 371 милион и ние сме последни во регионот“, рече Пренџов.
Се осврна и на извештајот на Светска банка.
„Светска банка за домашните инвестиции вели дека многу загрижува состојбата особено во Македонија бидејќи во приватниот сектор се бележи пад од 12 проценти на вработените. Од толку помош ли паѓа бројката. Не, туку затоа што не ја исплаќавте помошта. Дополнитено се бележи пад во Македонија и по 8 проценти на индустриско производство, додека другите земји од Балканот бележат раст од 9 посто, па и 16,8 посто“, рече Пренџов.