Сиве овие седум години не видовме никакво подобрување, напротив во секој сектор се влошени состојбите, и имаме држава во којашто цутат и криминалот и корупцијата, имаме партизиран правосуден систем. Повеќе од половината од правна комисија ќе најдете во институциите на системот каде се унапредуваат. Определени обвинители кои биле гонети се ставаат членови за советот на јавни обвинители, изјави пратеникот од коалицијата за „Обнова на Македонија“ Љупчо Пренџов во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на Телевизија Алфа.
Додаде дека овие луѓе што се нарекуваат власт полека успеваат да одземаат она што претставува надеж, кај голем дел граѓаните им ја одземаа надежта и ги натераа да плаќаат даноци на други држави и Влади.
„Граѓаните гледаат дека имаме држава во која сте се труделе да го воспитувате детето соодветно на општеството, добро образование да има плус факултативни активности со цел да има и повеќе вештини , додадена вредност на пазарот завршило тоа дете факултет направило се по книга тоа дете општеството што бара и тоа дете не може да најде соодветно работно место со кое ќе си ги задоволи сопствените потреби а не семејство да гледа и го гледа внукот на Али Ахмети како со 0 денари купува 40 милиони евра вреден објект и затоа бегаат младите“, кажа Пренџов.
Додаде дека од авион се гледа дека власта нема никаква поддршка од граѓаните.
Запрашан за случувањата со Рудникот Иловица, Пренџов истакна дека очигледно власта играла на картата дека луѓето се на одмор и затоа така постапиле.
„Гледаат дека населението е излажано и претпоставувам тие рачунале во јули да се помине тога кога луѓето се на одмор. Видоа дека граѓаните се дигнаа на социјалните мрежи излегоа на улица и тие излегоа да си протестираат против сопствената влада односно против Крешник Бектеши е тоа е владата на Република Македонија седма година по ред неспособност, не работливост, некреативност не инвентивност“, рече Пренџов.