Пренасочување на сообраќајот од 13 часот поради протест

Министерството за внатрешни работи соопшти дека поради  протест најавен да почне во 13.30 часот од парк Чаир до Oсновното јавно обвинителство,  СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај.

Протестот е најавено дека ќе трае 3 часа.

„Затворени за сообраќај од 13 часот до завршување на протестот, ќе бидат:  бул.Христијан Тодоровски Карпош, ул. Џон Кенеди, ул. Цветан Димов,  бул. Гоце Делчев и ул. Филип Втори Македонски, а сообраќајот ќе биде пренасочен по  околните сообраќајници“, соопшти СВР Скопје.

Оттаму апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.