Пренасочување на сообраќајот во општина Ѓорче Петров

Од Јавното претпријатие „Улици и патишта“ информираат дека денеска ќе има пренасочување на сообраќајот во општина Ѓорче Петров.

Ќе се врши монтажа на нови портални и конзолни семафорски столбови, како и нова семафорска инсталација на крстосницата на улиците „Ѓорче Петров“ и „Знеполе“.

„Поради изведба на активностите за монтажа, во периодот од 8 до 11 часот, сообраќајот ќе биде комплетно затворен на потегот од крстосницата на улица „Ѓорче Петров“ со улица „Македонски војски“, до крстосницата на улица „Ѓорче Петров“ со улица „Никола Пускаров“ – семафорите кај старата општина Ѓорче Петро“,  се појаснува во соопштението на претпријатието.

Пренасочувањето на сообраќајот ќе биде на улицата „Борис Сарафов“ и на овие локации, како и на сите останати внатрешни приоди, ќе биде поставена соодветна сигнализација.

Од претпријатието апелираат за трпеливост во сообраќајот, до завршување на активностите за монтажа на новите семафори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.