Пренџов: На Македонија ѝ се потребни предвремени парламентарни избори уште оваа есен

Љупчо Пренџов од опозициската партија ГРОМ во вечерашната емисија „Отворено“ на теелвизиајта Алфа рече дека на Македонија ѝ се потребни брзи предвремени избори коишто треба да се случат оваа есен.

Пренџов кажа дека причината за тоа е слабата економија, неисполнетите ветувања од оваа власт и катастрофалното владеење .

Ние мора да престанеме во Македонија да се лажеме дека имаме 650 милиони евра странски инвестиции и дека имаме нови фабрики и дека се вработуваат луѓе во тие фабрики. Реалноста е дека германската економска комора не оценува со 0. Денеска пред три часа советникот кој што канцеларката Меркел го испрати на Зоран Заев констатираше дека во Република Македонија има три клучни проблеми тоа е преголемата корупција, непочитување на законите и неплаќањето на даноците, рече претставникот на ГРОМ

Пренџов кажа дека за сите овие потфрлувања е одговорна исклучиво извршната власт и дека таа треба да превеземе одговорност. Тој исто така напомена дека здравството е пред колапс и земјоделието е руинирано додека платите реално платите и пензиите не се покачуваат.