ЕК: Преоден кредит за Грција во износ од 7, 16 милијарди евра

Европската комисија (ЕК) денеска потврди дека ќе исплати преоден кредит за Грција

Европската комисија (ЕК) денеска потврди дека ќе исплати преоден кредит за Грција во износ од 7,16 милијарди евра, наменети за отплата на долгот на Атина кон Европската централна банка (ЕЦБ), кој доспева на 20 јули.

ЕК ќе исплати преоден кредит за Грција во износ од 7,16 милијарди евра
Добромвскис: Преоден кредит за Грција во износ од 7,16 милијарди евра

Како што соопшти потпретседателот на Еврокомисијата, Валдис Домбровскис, овој преоден кредит за Грција што ќе и бидат исплатен ќе бидат повлечен од Европскиот механизам за финансиска стабилност (ЕФСМ), во кој учествуваат сите 28 земји-членки на ЕУ.

Домробвскис најави дека по ова ќе следат преговори за третиот пакет помош за Грција, кои се очекува да траат неколку недели. Во рамки на оваа помош предвидено е Атина во следните три години да добие позајмици во износ од 86 милијарди евра.

Долгот на Грција кон ЕЦБ, што доспева во понеделник, е во висина од 3,5 милијарди евра.

Договорот на кредиторите со Грција одобрен денес на вонредна седница на Бундестагот
Договорот на кредиторите со Грција одобрен во Бундестагот

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.