Преподобен Пимен Велики

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 август.

Денеска е Преподобен Пимен Велики.

Преподобен Пимен живееше во петтиот век. По род беше Египќанец. Монаштвото го засака уште како дете, па ги посетуваше големите старци и трудољубиво собираше од нив поуки, како што пчелата го собира медот од најубавите цветови.

Подоцна се замонаши, а по него се замонашија и неговите двајца браќа. Манастирот на овие тројца браќа, со кои раководеше најстариот од нив авва Анубиј, го имаше следниов типик: ноќта ја поминуваа четири часа во ракоделие, четири часа во спиење и четири часа во псалмодија; од утрото до пладне времето го поминуваа наизменично во работа и молитва; од пладне до вечерната читаа, а потоа го јадеа единствениот оброк за 24 часа, што обично се состоеше од зелје.

Секојдневно се смируваа еден пред друг. Така проживеа преподобниот Пимен до длабока старост и мирно се упокои во Господа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.