Преполовен дотокот на вода во Тетово поради голем дефект во водоводната мрежа

Водоснабдувањето во Тетово е преполовено поради дефект на голема цевка со капацитет ф-500 кај изворот Лешница. Поради дефектот количините на вода изнесуваат 160 литри во секунда или речиси половина од досега расположливите 300 литри.

-Поради дефект ф-500 во водоводна мрежа-изворот Лешница имаме намалување на водоснабдување за сите граѓани, во времетраење од 10:00 часот до завршување –поправка на дефектот. Работниците од единицата „Водовод и канализација” ќе бидат максимално ангажирани за побрзо и поефикасно санирање на дефектот. Количина на вода момемтална е 160 л/с, информираат денеска од Јавното комунално претријатие „Тетово“.

Вчера ЈКП Тетово информираше дека градот се снабдува со 300 литри вода во секунда, а дека анализите добиени од страна на Центар за Јавно Здравје- Тетово покажува дека водата е чиста и безбедна за пиење.