Препорака до Бундестагот да донесе позитивна одлука за Македонија и Албанија

Доцна вечерва заврши сесијата на Комисијата за надворешни работи на Бундестагот чии членови му препорачаа на германскиот парламент да донесе позитивна одлука за отпочнување преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и со Албанија, јави „360 степени“.

На пленарната седница во четврток вечер, се очекува Бундестагот да ја потврди одлуката на Комисијата за надворешни работи.