Препораки за користење на услугите на ЕВН

ЕВН е компанија која има голема одговорност при вонредни состојби во земјата и специфични услови за работа. Функционирањето на ЕВН е од национален интерес, а тоа е да се овозможи непреченото снабдување со електрична енергија како и одржувањето на потребната инфраструктура и сервисирање на неопходните услуги на корисниците. Токму затоа приоритет во овој момент е заштитата на корисниците и вработените од ширење на вирусот корона.

За да се придонесе кон заштита на јавното здравје и да се делува на спречување на ширењето на вирусот ги молиме корисниците посетите на приемните канцеларии во Корисничките енерго центри и во Инфо центарот во ГТЦ во Скопје да се намалат на минимум. Доколку доаѓањето е неопходно и неодложно, замолуваме да се почитува електронскиот систем за ред на чекање, да се чека на отворен простор пред канцелариите, пред да влезат да ги  дезинфицираат рацете и да се држи меѓусебно растојание од најмалку 1,5 метри.

Додека важат мерките за заштита нема да работат приемната канцеларија на ЕВН во Дебар и наплатниот пункт во Гостивар. Ги замолуваме корисниците да ги користат онлине услугите на ЕВН.

На порталот www.evnonline.mk , без да се регистрираат корисниците може: да се пријават за електронска фактура и брзо да платат фактури.  Со регистрација на профилот достапни се и услугите: проверка и плаќање на долгови, преземање на копии од фактури од последните 12 месеци, увид во историја на сите плаќања реализирани преку корисничкиот профил и барање за потврда за успешно плаќање.

Покрај мерките за заштита на корисниците ЕВН ги засили и мерките за заштита на човечките ресурси. Строго се применуваат внатрешните процедури за заштита од ширење на вирусот и во целост се применуваат владините мерки и препораки. Најважно е вработените да останат здрави и работоспособни за да може да го одржуваат дистрибутивниот систем. ЕВН ќе го одложи и исклучувањето на корисниците за неплатени сметки додека траат вонредните мерки.

Корисниците се замолени овие препораки да ги разберат како заеднички придонес кон заштита на здравјето.