„Пресе“: САД ги шпионираат ОБСЕ и другите меѓународни организации

Седиштето на Организацијата за безбедности соработка во Европа (ОБСЕ) е еден од објектие што се шпионирани од Американската Агенција за национална безбедност (НСА), пишува денеска австрискиот весник „Пресе“, пренесе МИА.

Како што јави ИТАР-ТАСС, весникот повикува на новинарот на германското списание „Шпигел“, Холгер Штарк, кој има пристап до архивите на поранешниот соработник на агенцијата Едвард Сноуден.

Виена е важна точка за  разузнавање, подвелкува „Пресе“. „Тука живеат над 17.000 дипломати и се покажува дека меѓународните организации, а исто така и руската, иранската и северно корејската  амбасада се цели на следење на американската НСА, се додава во весникот.

Американците успеале да се закачат на инфраструктурнио јазол на интернет, сместен во Виена и да добиваат информации што минуваат по магистралниот оптички кабел,смета Штарк .

ОБСЕ е спомената во Рамковниот документ за приоритетите на разузнавачката дејност на агенцијата од 9 април 2013 година. Според овој документ, предмет на интерес со четврто ниво на приоритет е надворешно политичката дејност на Организацијата, а прашањата за контрола на вооружувањето се пренесени на трето ниво, забележува „Пресе“

Весникот исто така напоменува дека пред извесно време Агенцијата за национална безбедност успеала да упадне во компјутерската мрежа на ОПЕК со помош на тројанска програма, а очигледно и да внесе „бубачки“ во штабот  на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), на која специјалните служби на САД и дале највисок приоритет.