Преседан во Тајланд: Принцеза кандидатка за премиер

Сестрата на тајландскиот монарх во петокот влезе во трката за премиерската функција како кандидатка на народна партија, што претставува преседан на политичката сцена во Тајланд за која се карактеристични судири меѓу поборниците на кралското семејство кои гравитираат кон Бангкок и они кои го поддржуваат соборениот премиер Таксин Шинаватра.

Принцезата Уболратана Раџаканја Сиравдана Барнавади, 67-годишната постара сестра на кралот Маха Ваџиралонгкорн, ќе биде кандидатка на партијата на соборениот премиер Таксин Шинаватра, политичар кој беше во центарот на политичките турбуленции и ривалските улични протести кои со години го тресат тајландското општество.

Уболратана (Убол Ратана) Махидол најстарата ќерка на кралот Бумибол Адуладеј. Родена е 1951 година во швајцарска Лозана. Студирала на Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес математика и биохемија, а има и магистратура од областа на здравството. Се откажала од титулата и се преселила во 1972 година во САД заедно со сопругот колега од факултетот MIT, Питер Лед Џенсен, но се вратила во Тајланд по разводот во 1998 година.

Тајланд е уставна монархија од 1932 година, но кралското семејство има огромно влијание и милиони поддржувачи.

На Уболратана еден од водечките противкандидатите на изборите на 24-ти март ќе ѝ биде актуелниот премиер Прајат Чан-оча, челникот на владејачката воена хунта, кој исто така ја најави својата кандидатура во петокот. Сѐ уште не се знае дали номинацијата на Уболратана, која е голема корисничка на социјалните мрежи и поранешна ѕвезда на сапуници која со години живеела во Калифорнија, ја има поддршката од кралот.

Кандидатурата на припадничка на кралското семејство за партијата Таи Ракса Чарт, поборничката на Таксин Шинаватра, би можела да влијае врз рекомпонирањето на изборите на коишто се гледа како на директна битка меѓу неговите популисти и нивните сојузници, од една, и воено-монархистичката елита, од друга страна.

„Ова е значаен развој на настаните кои ќе ја одредат формата и динамиката на тајландската политика пред и по изборите… Таи Ракса Чарт сега е главен фаворит“, смета Титнан Понгсудирак, политички аналитичар од универзитетот Чулалонгкорн.

Судирите меѓу монархистичките елити во Банког и на Шинаватра, чии поборниците се главно од руралните средини, веќе 15 години предизвикуваат масовни улични протести, воени ударии насилни судири. Аналитичарите разгледуваат дали номинацијата на принцезата претставува обид да се излезе од овој раздор, со поддршка на кралот кој на власт стапи по смртта на неговиот татко во 2016 година, или претставува храбар потег на приврзаниците на Шинаватра да ја поктопаат кралската привлечноста на партиите кои се верни на сегашните власти.

Тајландската уставна монархија има ограничена моќ, но ужива голема поддршка од извонредно имотната деловна елита и војската која доминира во политиката преку честите пучеви. Кралското семејство го штити и еден од најстрогите закони на светот за навреда на честа на велечеството кој предвидува 15 години затвори за секоја навреда упатена кон кралот, кралицата, наследникот или регентот. Овој закон оневозможува секаква отворена расправа за улогата на кралското семејство и поттикнува автоцензура во тајландскиот медиуми.