Пресметка со секира и нож пред казино во Кочани

Ноќеска во 00.20 часот во Кочани полициски службеници од Полициска станица Кочани го лишиле од слобода Б.В.(42) од Кочани постапувајќи по претходна пријава на В.Б.(41) од Кочани дека еден час претходно пред казино во Кочани, Б.В. со нож се обидел да го повреди пријавителот.

Според полицијата претходно Б.В. со секира го повредил Д.З.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.