(ВИДЕО) Преспа: Невремето корнеше дрвја и кровови на куќи

Невремето што ја зафати нашата држава предизвика значителни материјални штети. Во Преспа откорнало дрвја и кровови на куќи, а соборени се и повеќе од 60 бандери. Блокирани се патиштата кон некои села од паднатите дрва, а има и прекини во напојувањето со електрична енергија. Екипи на Противпожарна служба и Македонија пат се излезени на терен.

Градоначалникот на Преспа изјави дека нема пријавени жртви и повредени, но направена е голема материјлна штета. Допрва ќе се утврдуваат штетите по земјоделските култури. Локалното население вели дека не паметат вакво невреме во регионот на Долна Преспа.

Интензивниот дожд ги спушти температурите низ целата држава за десетина степени, за вечерва во Скопје се очекува температурата да биде 13 степени.